Зошто да користите високосигурносни пломби?

Во денешниот бизнис, потребата за заработка на пари и алчноста за што поголем профит брзо и незапирливо оди кон своја кулминација, а паралелно со тоа постои и постојан страв од загуба. Важно е да преземеме соодветни мерки за да го заштитиме нашиот имот и нашите средства за да обезбедиме добри деловни практики со клиентите.

Високосигурносните пломби се од суштинско значење за обезбедување на највисоко ниво на сигурност за спречување на загубата. Меѓутоа, корисничкото знаење за тоа што претставува високосигурносната пломба, како и знаењето за нејзината правилна употреба и ракување со неа е ограничено. Покрај тоа, корисниците на сигурносни пломби го потценуваат производот што сакаат да го пломбираат и оттаму прават сериозни грешки кои резултирата со големи загуби.

Други важни грешки, кои го вклучуваат корисникот кој не е способен правилно да ја примени пломбата, исто така, водат до загуба. Производителот на сигурносни пломби „Мега Фортрис Велика Британија“ ги препознаваат овие грешки, и од тие причини подготвија некои точки за размислување што ќе Ви помогнат да ја изберете вистинската пломба.

1. Која ќе биде целта на сигурносната пломба? Треба да имате доверба во познавањето на вашите барања за примената уште пред да ја купите сигурносната пломба. На пример, ако превезувате стока во транспортни контејнери, тогаш првичниот избор ќе биде високи сигурносни пломби или пломби со кабел.

2. Запомнете: постојат најразлични сигурносни пломби кои можат да се користат во горниот пример, но и кога се превезува товар преку океанот, исто така е потребна пломба во согласност со CE, или сигурносна пломба која е сертифицирана според ISO 17712. Значи, знајте ја Вашата примена!

3. Многу корисници имаат погрешно верување за цените, и многумина не сметаат дека цената може да игра сериозна улога за да се задржи големата сигурност. Никогаш не купувајте пломби по ниски цени за големи сигурносни барања. Секоја пломба која пружа голема сигурност е дизајнирана, тестирана и произведена со соодветни материјали за да издржи неовластен пристап до стоките со висока вредност. Затоа, ако барате вистинска висококвалитетена пломба, препорачливо е да не го одберете решението за сигурносната пломба врз основа на цената.

4. Високобезбедносните пломби се направени само за еднократен превоз. Ова значи дека откако пломбата ќе стигне до својата дестинација, таа ќе мора да биде пресечена за да може примателот да пристапи до својата стока. Откако еднаш ќе се пресечесигурносната пломба, таа станува бескорисна, и ќе треба да се замени со нова. Повторното користење на сигурносна пломба повеќе од еднаш може да ја направи пломбата чувствителна на напаѓачите, што ќе ги стави стоките што ги чувате во ризик од загуба.

5. Важно е да ја познавате вашата сигурносна пломба. Многу корисници немаат доволно знаење во врска со знаците за да можат да препознаат и да утврдат каде се случила злоупотребата на пломбата. Вашиот снабдувач со сигурносни пломби може да ги обучува корисниците во врска со доказите. „Мега Фортрис“ неодамна разви нова пломба со завртка за контејнери, прва сигурносна пломба со завртка одобрена од царинските органи, која во својот дизајн има имплементирано технологија за евидентирање на знаците на злоупотреба. „Мега Фортрис“ длабоко веруваат во потребата од едуцирање на корисниците на своите пломби и ќе бидат повеќе од среќни да обезбедат основна обука таму каде што е потребно.

6. Конечно, важно е да се разбере дека сите сигурносни пломби имаат дефиниран животен век, кој вообичаено трае додека да стигнат до крајната дестинација на превезување. Па така, сигурносната пломба треба да биде правилно уништена за да се спречи секое неовластено лице да стекне знаење за вашиот производ. Откако ќе се проучи производот, може да се развијат поефикасни техники за злоупотреба на пломбата.