Кога сигурносната пломба НЕ Е вистинска сигурносна пломба? Дел 2

Продолжувајќи со нашите мисли од минатонеделниот блог “Кога сигурносната пломба НЕ Е вистинска сигурносна пломба?”, во блогот за оваа недела ќе разговараме за вториот фактор на злоупотреба на приколките и контејнерите. Многу организации користат сигурносни пломби кои само ја вршат работата. Меѓутоа, денес крадците станаа попаметни отколку што мислат организациите.

Многу организации сè уште веруваат дека е како во старите „добри“ времиња кога бизнисοτ можеше да ги надмине крадците и со неколку промени сè да се среди. Сепак, ова повеќе не е случај, кога крадците стануваат сè поинтелигентни. Ова е причината поради која ги поттикнуваме организациите да користат пломби кои евидентираат злоупотреба. Фирмите веруваат во купување на пломби кои ја вршат работата со минимални трошоци, дозволувајќи им на самите фирми да ги намалат оперативните трошоци без да ги изгуби своите скапоцености. Сепак, бизнисите сѐ уште губат некои од своите скапоцености и тоа преку никој друг туку преку вработените кои знаат како да се справат со безбедносните бариери што фирмата ги користи со цел да ги заштити своите скапоцености.

Токму заради ова, ние веруваме дека употребата на пломби кои што евидентираат злоупотреба доаѓа до полн израз. „Мега Фортрис“ верува дека ги нуди најдобрите безбедносни решенија за бизнисите без да ги надминеме нивните потреби. Многу компании се обидуваат да добијат бизниси за да купат опрема за безбедност што не им е потребна. Сепак, „Мега Фортрис“ верува во помагањето на бизнисот во обезбедување на нивниот товар со точниот износ на безбедносни бариери што им се потребни.

Значи, да се навратиме на пломбите со евиденција за злоупотреба; тие се многу корисни за следење на целиот ваш товар. Мега Фортрис обезбедува пломби со евиденција на злоупотреба со посебна карактеристика која пружа докази за злоупотреба на пломбата доколку некој се обиде истата да ја злоупотреби или, пак, се обиде да ја загрози пломбата на кој било начин. Ова се навистина корисни функции, кои што им овозможуваат на фирмите да знаат дека некој се обидел да ги злоупотреби пломбите, и ако тоа се случува повторно и повторно, исто така, ќе им овозможи да го преиспитаат својот логистички систем и да се обидат да дознаат дали тоа е направено од страна на некој во рамките на самата фирма.

Сега доаѓаме до точката каде што организацијата се обидува да ја заштити својата стока од незадоволните вработени во самата организација кои што тешко се откриваат. Токму поради овие причини нудиме уште една карактеристика на евиденција на злоупотребата на баркодовите и секвенцијални сериски броеви на пломбите, овозможувајќи им на фирмите да водат регистар за тоа кој број на пломбата е поставен на кој контејнер.

Во суштина, пломбата со евиденција за злоупотреба им овозможува на фирмите да знаат дали била злоупотребена самата пломба. Исто така, ако овие настани често се случуваат, им овозможува да го преиспитаат својот логистички систем. Доколку на ова се додаде и баркодот, како и бројот на пломбата, се обезбедува дополнителна сигурност и безбедност од луѓе кои можат да имаат службен пристап до пломбите. Значи, прашањето кое сега го поставуваме е: зошто да користиме обична пломба, кога пломбата со евиденција за злоупотреба дава одговор на многу основни прашања во рамките на организацијата.

Related Posts

Read More

Пломби со прачка

Пломбите со прачка Мега Фортрис Бар (Mega Fortris Bar Seal) е направена од челична конструкција со…