Кога сигурносната пломба не е сигурносна пломбат? Дел 3

Оваа недела ќе ги продолжиме нашите размислувања за употребата на пломби со евиденција за злоупотреба, односно пломби за контејнери, со евиденција за злоупотреба и со нитни.

Многу организации не ја разбираат важноста од изборот на вистинската пломба која што треба да се постави на задната страна од нивните товарни возила и приколки. Тие веруваат дека можеме само да ставиме пломба, и со тоа ја завршиле работата, но тоа не е навистина; работата не е завршена, ако не сме ја завршиле како што треба. Ова е причината зошто многу организации треба да ја разберат важноста од поставување на вистинската пломба на своите приколки и контејнери. Многумина купуваат пломби колку само да се рече и да си поминат од редот, без да обрнат внимание на важноста од користење напломби со евиденција за злоупотреба. Оваа недела ќе ги продолжиме нашите размислувања за употребата на пломби со очигледен доказ за злоупотреба или, поконкретно, пломби со нитни и евиденција за злоупотреба.

Многу организации користат обични пломби со нитни, кои штом еднаш се постават, можат да се оштетат или од угорнините или од неправилен превоз, како и од насилно ракување. Има многу случаи каде што имигрантите, крадците или незадоволните вработени ги разбиваат пломбите или се обиделе да ги скршат. Токму ова е причината зошто организациите треба да користат пломби со евиденција за злоупотреба, за да се можат да бидат сигурни доколку некој се обиде насилно да влезе во нивните приколки или контејнери. Ова би можело да им помогне на претпријатијата да спречат кражба на нивниот товар. Ова е затоа што ако знаат дека нивните приколки и контејнери се цел на злоупотреба, ќе бидат во можност подобро да ги подготват методите за заштита на своите приколки и контејнери. Ако тие не откријат, обидите за злоупотреба ќе продолжат без организацијата да знае за тоа. Ова може да доведе до повеќе успешни обиди од страна на крадците, со што ќе им овозможат пристап до целиот скап товар што се транспортира.

Пример за пломба со клин (нитна) и со евиденција за злоупотреба е 2K Кликер (2К Klicker), која што обезбедува јакост како и најголем број докази во случај некој да се обиде да манипулира со пломбата. 2K Кликер (Klicker) се состои од кален челичен клин (нитна) и куќиште излиено од еластичен ABS материјал отпорен на силни удари. 2K Кликер, исто така, обезбедува огромна затегнувачка цврстина и механизам за блокирање при ротација. 2K Кликер е засилена пломба со клин за обезбедување на контејнери која широко се користи во превозот, обезбедувајќи ги интермодалните контејнери и копнениот транспорт. На светско рамниште, таа е првата пломба со клин за обезбедување на контејнери која има уникатни две бои во својот дизајн.

Оваа пломба е толку напредна, што за разлика од другите пломби со клин има анти-ротациски систем кој штом еднаш се заклучи не дозволува клинот (нитната) да се врти, и ако некој се обиде да ја ротира бравата намерно ќе се скрши надворешната обвивка на нитната за да укаже на злоупотреба на пломбата. 2K Кликер (2K Klicker) е компатибилна со C-TPAT и ISO 17712 “H”.

Во суштина, она што се обидуваме да кажеме е следното: евтините пломби со слаб квалитет не се одговор за вашата логистичка безбедност. Осигурајте се дека сте се заштитиле од сите видови на кражби со користење на висококвалитетни пломби.

Related Posts

Read More

Пломби со прачка

Пломбите со прачка Мега Фортрис Бар (Mega Fortris Bar Seal) е направена од челична конструкција со…