Кога сигурносната пломба НЕ Е сигурносна пломба?

Го започнуваме овој блог со прашање кое може да биде од суштинско значење за тековниот пазар на превенција од загуби и, всушност, секоја индустрија која користи разни видови на транспорт за своите стоки. Следејќи го неодамнешниот тренд, многу организации бараат да заштедат колку што е можно повеќе, па одлучуваат тоа да го сторат во рамките на нивните оперативни трошоци. Како и да е, дали навистина ги согледуваме последиците од ова?

Ќе се осврнеме повеќе околу трошоците за сигурноста на превозот на стоки. Иако се согласуваме дека е од суштинско значење да ги намалиме трошоците секогаш кога е тоа можно, можеби ќе бидеме изложени на ризик доколку тоа ни биде во прв план. При обезбедување на превозот на товарот, многу организации се одлучуваат за ефтина пломба која би била совршено соодветна доколку за возврат таквата сигурносна пломба, поставувена на нивните приколки или контејнери, е со висок квалитет. Сепак, ова не е случај кај повеќето компании. Многу бизниси користат евтини пломби кои се со слаб квалитет.

Последиците од ова може да имаат големо влијание врз бизнисот. Токму од тие причини сега се поставува прашањето “Кога безбедносната пломба НЕ Е безбедносна пломба?” Додека ги ставаме овие ефтини – заради квалитетот – пломби на нашите приколки, веруваме дека нашиот товар е безбеден, но дали е тој навистина безбеден? Не заборавајте дека ефтините пломби доаѓаат по цена соодветна за пломбите со слаб квалитет, кои лесно се кршат поради евтините материјали кои се користат за нивна изработка. Организации како нашата, се гордеат со квалитетот на своите сигурносни пломби, а исто така веруваме дека ако пломбата може да се скрши со едно едноставно потегнување, таа навистина не може да се смета за безбедносна пломба. Ние дури се имаме среќавано со сигурносни пломби користени од страна на некои фирми, кои може да се скршат дури и со едноставно вртење на пломбата, па дури и самите да се скршат за време на транспортот. Со оглед на сето ова, како можеме да ги сметаме пломбите со слаб квалитет за сигурносни пломби? Ако сигурносната пломбата може да се скрши за време на транспортот поради потреси при возењето, како истата би ги спречила крадците да не ја скршат заради кражба? Многу организации се одлучуваат за ефтини пломби поволни заради нивната ниска цена, но за возврат добиваат слаб квалитет на пломба која лесно се крши.

Доколку сигурносната пломба лесно се крши без употреба на посебна опрема за таа намена, таа всушност не може да се смета за сигурносна пломба. „Мега Фортрис“ верува дека ако имате намера да преземете една задача, истата ќе треба да ја сработите правилно, па затоа сите наши сигурносни пломби се со висок квалитет. Ние користиме најквалитетна пластика за сите наши пластични пломби, со специјално дизајниран производен процес, за да им дадеме дополнителна јакост на пломбите. Сите наши пломби подлежат на строги тестирања за да се осигураме дека нашите пломби не можат лесно да се скршат. „Мега Фортрис Пломби“ обезбедува пломби кои, исто така, пружаат докази за злоупотреба, овозможувајќи им на фирмите да препознаат дали е пломбата злоупотребена; со дополнителна безбедност на ласерските ознаки и баркодовите. Ние снабдуваме многу различни типови на сигурносни пломби за сите различни типови на апликации со пломби кои може да се применат на повеќе од еден вид на апликација.

Во суштина, ние веруваме дека пломбата со слаб квалитет која може лесно да се скрши, не може да се нарече сигурносна пломба, бидејќи таа не ја врши вистинската функција за која е наменета и дизајнирана, односно да ја осигури безбедноста на товарот кој што се пренесува. Одлучете се за пломба која што ќе ви обезбеди висококвалитетна услуга, и ќе го чува вашиот товар безбедно при преносот.