Пломби со кабел Мега Фортрис МЦЛЗ 500 (Mega Fortris MCLZ 500 Cable Seals)

Во согласност со ISO (Меѓународна организација за стандардизација) 17712 “H” и C-TPAT

ISO 17712 дефинира три вида класи на цврстина на пломбите или капацитетот на бариерата: “I” за Индикативен; “S” за безбедност; и “H” за висока безбедност. C-TPAT бара употреба на пломби од класа “H”.

„Мега Фортрис Велика Британија“ воведува нов MCLZ опсег на сигурносни пломби со кабел кој направи голем чекор кон подобрување на сигурноста на глобалниот синџир на снабдување. Безбедносната вредност на овој нов производ е неспоредлива со било кој друг во индустријата за сигурносни пломби, иака што ќе им овозможи на многу наши свесни клиенти со ефикасно средство да ја надградат безбедноста на својот синџир на снабдување.

Ниту еден друга сигурносна пломба со кабел не нуди едновремено висок степен на обезбедување докази за злоупотреба, одлична заштита при обиди за злоупотреба, и механизам за заклучување кој е заштитен од обивање

Оваа трета генерација сигурносни пломби со кабел се карактеризира со не-линеарно заклучување на куќиштето што спречува насилно обивање. ABS материјалот отпорен на удари е излиен преку телото за заклучување кое е од цинк и кое обезбедува јасни знаци на злоупотреба, а овозможува и јасно ласерско обележување на траен број на пломбата, бар код, и име на клиентот или логото.

MCLZ 500 е многу лесна за користење и пружа силни докази за злоупотреба. Достапна е со различни должини на кабелот за да обезбеди разни апликации со различни сигурносни барања. Заклучувањето на кабелот е обезбедено веднаш штом кабелот помине низ механизмот за еднонасочно заклучување. Кабелот мора да се прилагоди за цврсто да се вклопи во апликацијата со што се максимализира безбедноста и се спречува злоупотребата.

Едниот крај на кабелот е трајно заштитен во телото за заклучување, а е заштитен од било каква злоупотреба со една испакната жица. Нелинеарната дупка за вметнување се карактеризира со посебен дизајн на механизмот за заклучување, кој нуди неспоредлива заштита од обивање.

Главните карактеристики на пломбата со кабел на заклучување Z 500 се:

1. Делови од надворешноста се дизајнирани со ребреста површина, која ги штити ознаките при грубо ракување.

2. Еднонасочниот механизам за заклучување овозможува брзо и лесно пломбирање.

3. Едниот крај на кабелот е постојано заштитен во телото за заклучување.

4. Овој кабел на заклучување е анодизиран со компактни бои, кои овозможуваат прилагодливо ласерско означување.

5. Анодизирањето исто така овозможува кодирање во боја и ја олеснува идентификацијата од далечина.

6. Ова кабелско заклучување е гравирано со трајно ласерско означување на име, лого, секвенцијални броеви и баркод.

7. Ласерската ознака нуди највисоко ниво на сигурност, бидејќи не може да се отстрани или замени.

Кабелот со брава за заклучување е тестиран од страна на SGS за да се потврди дека производот ги исполнува прописите за тестирање и заштита од злоупотреба на сигурносните пломби според нивните упатства за работа кои, пак, се однесуваат на злоупотребата на сигурносни пломби базирани на ISO 17712: 2013, клаузула 6, и се покажа дека е во согласност со истите.

SGS е светска водечка компанија за инспекција, верификација, тестирање и сертификација. Тие се признати како глобален бенчмарк за квалитет и интегритет со над 80.000 вработени, кои оперираат со мрежа од над 1.650 канцеларии и лаборатории низ целиот свет.