„МЕГА ФОРТРИС ЕВРОПА“ СТАНА ЧЛЕН НА TAPA SSP

„Мега Фортрис Европа“, еден од водечките добавувачи на сигурносни пломби, стана членка на TAPA SSP. 1-ви март 2016 година претставува возбудлива пресвртница за „Мега Фортрис Јуроп“ (Mega Fortris Europe) и членовите на Асоцијацијата за заштита на средствата TAPA. Станувањето член на ТАРА значи дека сега ќе бидеме уште повеќе вклучени во светската индустрија за заштита на товари, обезбедувајќи експертиза во справувањето со тековните проблеми во синџирот за снабдување. Членството, исто така, дава одлична можност да го брендираме нашето име на европско, па дури и на глобално ниво.

Асоцијацијата за заштита на транспортирани добра (TAPA) е единствен форум кој ги обединува глобалните производители, даватели на логистика, товарни превозници, агенции и органи за спроведување на законот, и други засегнати страни, со заедничка цел: намалување на загубите од меѓународните синџири за снабдување.

Денес, во Европа, Блискиот Исток и Африка, Америка и Азија, членството на ТАПА е на највисоко ниво и сè уште расте. Членовите на 600-члената Асоцијација вклучуваат многу од водечките светски производствени брендови, како и нивните логистички и транспортни добавувачи со комбинирана годишна продажба од над 900 милијарди САД долари.

„Мега Фортрис Европа“ верува дека членството на ТАРА ќе претставува можност да комуницира со членовите преку нудење на најдобрите практики, насоки и споделување на знаења за инциденти поврзани со безбедноста. Целта на „Мега Фортрис“ е да се подигнат безбедносните стандарди и процедури меѓу членовите на ТАРА.

Затоа, ТАПА може да има корист од членството на „Мега Фортрис“ преку нашата огромна експертиза во областа на сигурносните пломби и индустријата за обезбедување на товарот. „Мега Фортрис“ работи со многу организации кои обезбедуваат решенија за безбедност на товарот, како и за многу компании во рамки на индустриите како што се: транспортот и логистиката, складирањето, транспортот на течности, банкарството, преносот на пари, поштенските услуги, одбраната, комуналните услуги, казината и забавата, накитот, и слично. „Мега Фортрис“, исто така, може да обезбеди експертиза во рамките на интегрирани безбедносни решенија со Mega App.

На настаните на интернет мрежите, „Мега Фортрис Јуроп“ (Mega Fortris Europe) може да ги запознае и претстави постоечките партнери кои, исто така, можат да имаат придобивки од пристапувањето во TAРA во иднина. Ова може да придонесе за зголемување на членството на TAРA, и да создаде силна основа за иднината.

„Мега Фортрис“ обезбедува висококвалитетни сигурносни пломби за индустриските лидери во транспортните сектори на копно, вода и воздух. Ефикасноста и разновидноста на нашите производи и услуги ни овозможи да обезбедиме клиенти од целиот свет во индустриите како што се хемиската, за нафта и за гас, за храна и пијалоци, фармацевтските производи, комуникациите, ICT, угостителството, казината, безбедносните компании, банките и преработувачката индустрија.

 

Related Posts

Read More

Пломби со прачка

Пломбите со прачка Мега Фортрис Бар (Mega Fortris Bar Seal) е направена од челична конструкција со…