Mega App

„Мега Фортрис Секјурити Силс Велика Британија“ (Mega Fortris Security Seals UK) е водечки производител и специјализиран дизајнер на сигурносни пломби, производи со евиденција за злоупотреба и интегрирани безбедносни решенија. „Мега Фортрис“ соработува со организации од различни индустрии за да ги разберат проблемите со кои може да се соочат во транспортот на стоки. Независно од тоа дали тој превоз ќе биде копнен, прекуморски или авионски, ние тесно соработуваме за да ги разбереме нивните проблеми, и да ги одбереме најважните со кои се соочуваат, за да најдеме заедничка основа околу тоа каде сите организации можат да се согласат за најчестите прашања.

По разговорот со лидерите во логистиката на синџирот на снабдување, откривме дека сигурносни пломби биле функционални само до одреден степен Меѓутоа, за да се обезбеди подобар процес потребна е заштита на средствата базирана на технологија.

По години поминати во истражување и развој за да се создаде решение кое е во состојба да ги елиминира проблемите со кои се соочуваат компаниите во рамките на товарниот транспорт, „Мега Фортрис“ направи пробив со најновото технолошки базирано решение. „Мега Фортрис“ сега би сакал да ја претстави во светски рамки апликацијата за заштита на добрата (APS).

Апликацијата за заштита на добрата е првата во светот апликација за сигурносни пломби за IOS и Android мобилни уреди. Апликацијата за заштита на средствата е ефективен и лесен за користење софтвер кој се базира на паметни телефони, кој нуди синџир на следење преку автоматско скенирање и снимање на баркодовите на сигурносните пломби.

Апликацијата работи во четири едноставни чекори:

1) Пријавете се во MEGA-APP и вклучете го скенерот со баркод со притискање на иконата „Скенирај баркод“. Држете го вашиот паметен телефон / уред пред бар-кодот на сигурносната пломба и автоматскиот скенер ќе го стори останатото. Ако пломбата или предметот не може да се скенираат поради немање баркод, изведувачот едноставно може да ја фотографира пломбата и рачно да ги вчита деталите.

2) Ако сте задоволни со скенирањето на баркодот, можете или да го испратите веднаш со притискање, или да додадете коментари во полето за забелешки, на пр. подготвени за извоз, а потоа притиснете. Ако не сте задоволни со скенирањето / сликата, едноставно притиснете на копчето “повторно” и почнете одново. Корисничкиот интерфејс е многу едноставен и не е преполн со некоја непотребна функционалност, пружајкќи целосна потврда на вработените во секоторот.

3) (а) По притискање на „поднеси“ (submit), MEGA-APP ќе ги испрати деталите за бар-код и ќе ги испрати до вашата канцеларија за поддршка; (б) Ќе добиете известување на вашиот уред дека поставувањето е успешно. (c) Притиснете OK и ќе ги видите деталите за испраќање

4) Можете да ја видите вашата историја на скенирање со кликнување на копчето за скенирање. Можете да го избришете скенираното со проверка на квадратчето во долниот десен агол, а потоа одберете „избриши“ (delete) на горниот дел од екранот. Податоците за скенирање прикажани на страната „историја“ не можат да се отстранат и да се прилагодат откако ќе бидат доставени за да обезбедат цврста чувствителност на информациите.

Некои од придобивките што може да ги донесе апликацијата за заштита на средствата (добрата) на вашата организација:

Елиминирање на документи – Ако порано сте работеле во одделот логистика, тогаш познати ви се количините на хартија. Апликацијата за заштита на средствата го елиминира поголемиот дел од потребната документација, бидејќи го складира најголемиот дел од информациите потребни за испраќање на самата апликација и на профилот на администраторот.

Мониторинг на резервни копии – Во моментов располагаме со клиент кој со помош на „Апликацијата за заштита на средствата“ испраќа пластични кеси за еднократна употреба (со отпечатен баркод) до нивните пристаништа. Внатре, во секоја пластична кеса, има електронски елементи кои бараат обработка, плус повратна пластична кеса. Во оваа ситуација, седиштето ја скенира првата кеса која излегува, а потоа кесата повторно се скенира кога ќе пристигне во пристаништето. Електронските предмети се обработуваат, потоа се препакуваат во втората торба, се скенираат, а потоа се враќаат во седиштето каде што повторно се скенирала втората кеса, што покажува дека пристигнала дома. Меѓутоа, кога ќе ја скенираат втората кеса во полето “Заменет печат” се внесува бројот на полето на првата кеси. Ова значи дека на веб-страницата на клиентот, дроп боксот на скенираната активност ќе ги прикаже движењата на обете кеси.

Без мрежна покриеност – Апликацијата ги зачувува сите скенови што овозможува скеновите да се синхронизираат со административниот панел подоцна. На пример, ако е извршено скенирање, сепак не може да се синхронизира со профилот на администраторот поради опфат на мобилен простор, што ви овозможува да го зачувате скенирањето. Тогаш автоматски ќе се синхронизира со административната табла штом ќе добие мрежна покриеност.

Секоја апликација може да се измени за да се задоволи специфичната потреба на секоја организација, со што би се овозможил повеќе личен систем.