УНГАРСКИ ФОРУМ ЗА СИГУРНОСТ - MBF Magyar Biztonsági Fórum.

Во 2010 год., оснвоачот на Мега Фортрис Унгарија, г-дин. Петер Нот, и 12 други извршни лица од унгарската индустрија за сигурност, видоа потреба за поголемо образвоание и know how во рамки на нивното поле на безбедноста на пазарот и основаа унгарски форум за сигурност – во Унгарија наречен: MBF- Magyar Biztonsági Fórum.

Форумот се состои од неколку стручни лица кои се поврзани со индустријата на сигурност од производители на пломби, компании за сигурносни услуги, надзорни камери и производители на бројачи со сигурносно стакло, ИТ технолошки услуги и разни стручни лица итн.

МБФ дава платформа и помош за сите, кои работат во сите полиња во безбедноста на пазарот, каде ги споделуваат своите работни искуства, идеи, проблеми, со исклучок на ривалство. МБФ создава и води база на податоци и знаење, која е достапна за сите членови за ажурирање и се користи во строга доверливост.

Форумот исто така развива и унифицира рејтинг системи за сигурносни услуги, уреди, камиони, комби и обезбедувачи. Наведените случаи носат нова вредност, која се базира на соработка, заедничка помош, доверба и тајност. Важно е да се нагласи дека унгарскиот форум за сигурност е независен советодавен форум, кој дава решенија за сите оние кои имаат потреба да го заштитат својот имот.

Целота на МБФ исто така е да се едуцира и обезбеди највисок степен на свесност во најновата технологија и меѓународните стандарди кои се користат во сигурносниот сектор. Се организираат меѓународни конфереции за менаџерите за сигурност од сите индустрии како логистика, транспорт, пакување итн. Г-дин. Петер Нот допринусва до овие конференции со обука и презентации на најновите развивања како сигурносни пломби и ГПС следење.

За повеќе информации околу унгарскиот форум за сигурност , ве молиме посетете ја страната: mbf.hu