Кризата Калè: „Мега Фортрис – Велика Британија“ за обезбедување “сигурен” товарен сообраќај

Многу организации од неодамна се соочуваат со големи проблеми поврзани со прашањата за обезбедување на нивниот товар и нивните приколки, како на национално така и на меѓународно ниво. Сепак, повеќето од нивните проблеми се чини дека се поврзани со злоупотреба на нивните приколки. Во рамките на овој блог, „Мега Фортрис“ ќе ве информира за некои статистики во врска со целиот феномен на транспорт и логистика со помош на TAPA EMEA.

ПРАШАЊА

Меѓународни прашања

Прво ќе започнеме со некои од проблемите со кои се соочуваат организациите. Eден од најчестите и најпопуларните проблеми е меѓународното прашање на мигрантите кои што се провлекуваат во задниот дел на приколките и се кријат во контејнери кои сообраќаат од Кале за Велика Британија. Заради повеќе од 8000 снимени обиди на мигранти да го преминат каналот во приколки и контејнери, многу организации мораа да се соочат со големи казни за секој мигрант што ќе биде пронајден во нивните приколки. Ова се само бројките за кои има сигурни податоци, но сигурно е дека има многу повеќе обиди кои не се евидентирани што, од друга страна, во многу го отежнуваат транспортот на организациите кои увезуваат и извезуваат стоки од и во Велика Британија.

Иако организациите имаат мало олеснување од француските власти кои обезбедуваат безбедна зона за Обединетото Кралство, сепак има многу мигранти кои се прикрадуваат на товарните возила од Белгија, Германија, Швајцарија, Италија и Шпанија. Но, безбедносната зона станува скоро бескорисна, затоа што мигрантите се веќе во камионите пред истите да влезат во самата безбедносна зона. Освен тоа, бројките на мигрантите драматично се зголемија од 600 мигранти во јануари до 5.000 во моментов (податок превземен од БиБиСи).

Прашања во рамките на Велика Британија

Многу организации почнаа да превземаат активности, како на пример поставување пластични пломби на своите приколки, меѓутоа, она што тие го забораваат е фактот дека многу мигранти се потпомогнати од шверцери кои носат ножеви и специјални ножици, овозможувајќи им да ги отворат пластичните пломби и да им овозможат влез на мигрантите.

Во врска со ова прашање во рамките на Велика Британија, многу организации се најдоа себеси како губат илјадници фунти заради стоките кои исчезнуваат од нивните приколки. Ова се должи на многу причини истакнати во неодамнешниот напис на TAPA EMEA.

Во неодамнешната статија беше забележано дека Велика Британија и Холандија имаа највисок број на кражби од приколки во Европа, со загуба од над 100.000 евра. Подолу се наведени некои факти за кражби на товар во Велика Британија.

  • Велика Британија и Холандија сочинуваат 67% од 206 инциденти во Европа во првиот квартал.
  • Велика Британија забележа пораст од 133% во првиот квартал на 2014 година.
  • 18 инциденти на 206 изгубени вредности вредни повеќе од 100.000 евра
  • Само во 30,5% инциденти е пријавена загуба – за останатите 69,5% нема статистички податоци за загубата.
  • Вкупната штета од овие кражби и понатаму надминува 13.250.000 евра.

Овие штети се многу поголеми доколку се споредат со бројот на инцидентите кои всушност се случиле, бидејќи 69,5% од организациите немаат доставено статистички податоци. Ова значи дека износот од штетата е многу повисок, доколку се има предвид бројот на реализирани кражби и вредноста на загубата.

Подолу е сликата која ги прикажува кражбите на товар според типот на инцидентот (TAPA EMEA).

HU Blog Image General Issues Calais Crisis

Горенаведената табела јасно покажува дека најголем дел од инцидентите се случуваат при обивање на приколките, што значи дека приколките не се соодветно заштитени за да се спречи злоупотребата.

Во 2013 година регистрирани се вкупно 1.145 инциденти на кражба на товар во ИИС, од 689 инциденти во 2012 година (+ 66%).

Вкупната загуба на сите 1.145 регистрирани инциденти не може да се утврди, бидејќи во над 70% (во споредба со 50% во претходната година) од добиените анкетни извештаи за кражби (на барање од страна на IIS) не е наведена вредноста на загубата.

РЕШЕНИЕ 1

Со цел да го сузбие овој проблем, „Мега Фортрис“ им препорачува на организациите да користат високо сигурносни пломби како MCLP за приколки и 2K Кликер или пломба со прачка (Bar Seal) за контејнери.

MCLP – Мини кабел со заклучување Премиум

Оваа пломба е компактна и доволно мала за примена кај приколките, но сепак има многу висока јачина, дозволувајќи им на организациите да го минимизираат ризикот од појава на злоупотреба. Пломбата Мини кабел со заклучување Премиум 150mm е многу лесна за употреба и содржи силни докази за евиденција на злоупотреба. Оваа пломба може да се примени за да се обезбедат раалични апликации за голем број барања за безбедност. Пломбата Мини кејбл лок Премиум (Mini Cable Lock Premium) се користи за камиони, цистерни, контејнери за авионски превоз, поморски контејнери, железнички вагони, калибратори и вентили.

За повеќе информации за MCLP одете на:

MCLP

РЕШЕНИЕ 2

MCLZ – Мини кабел со заклучување Z

Воведувањето на новата пломба MCLZ од широкиот спектар на заштитни пломби со кабел од „Мега Фортрис“ е голем чекор кон подобрување на безбедноста на глобалниот синџир на набавки. Безбедносната вредност на овој уникатен производ е неспоредлива во индустријата за сигурносни пломби, и ќе им овозможи на нашите клиенти кои се свесни за безбедноста да имаат ефикасно средство за надградба на сигурноста на синџирот за снабдување. Ниту една друга сигурносна пломба со кабел не нуди подеднакво високи карактеристики на подесувањата, одлична заштита од напади и механизам за заклучување кој е заштитен од обивање.

За повеќе информации за MCLZ одете на: C-TPAT

Ако имате други прашања, Ве молиме не двоумете се да контактирате со нашите искусни професионалци, кои веќе долги години работат во индустријата и имаат огромно знаење за соочувањето со многуте проблеми во транспортот. Без оглед дали станува збор за безбедноста во транспортот или општата сигурност на товарот. За повеќе информации Ве молиме посетете ја нашата веб-страница: Mega Fortris HU