Улогата на физичката безбедност во управувањето со сајбер безбедносните закани

Сајбер-безбедноста стана нешто како феномен во изминатата деценија. Многу организации имаат инвестирано милиони во зголемување на нивото на безбедност на нивната мрежа на информациски системи. Сепак, постојат некои организации во различни делови на светот, кои ја превидуваат физичката безбедност на нивниот хардвер.

Неодамна, „Мега Фортрис“ поддржа организација која беше жртва на кражба, каде што беа украдени канцелариски компјутери кои можеа да имаат доверливи информации зачувани на хард дискот. Со такви инциденти, каде самата организација не знае дали овие напади биле извршени од страна на надворешни лица или, пак, од незадоволни вработени, морала да преземе итни мерки. Ризикот од податоците што паѓаат во погрешни раце може многу да ја чини самата организација.

За да се обезбеди таква специјализирана апликација, „Мега Фортрис“ предложи користење на нашата MCLZ 5mm пломба со кабел – високосигурносна пломба со технологија за евидентирање на злоупотреба. По долгиот процес на обиди и тестирања, организацијата беше задоволна што сигурносната пломба со кабел од 5mm кабел беше вистинскиот производ за нив и за обезбедувањето на нивните компјутери.

MCLZ 500 сигурносна пломба со кабел

Лепезата на MCLZ ја смени играта во индустријата за сигурносни пломби. Со уникатните карактеристики и високата безбедност на сигурносната пломба. Линијата на MCLZ пломбите со кабел е голем чекор кон подобрување на безбедноста на глобалниот синџир за набавки. Ниту еден друга пломба со кабел не нуди подеднакво високи карактеристики на евидентирање на доказите за злоупотреба.

Гамата на MCLZ 500 има широк спектар на обезбедување на контејнери, приколки, цистерни, контејнери за воздушен товар, железнички вагони, калибратори и вентили, а сега и компјутери.

Безбедносната вредност на овој уникатен производ е неспоредлива во индустријата за производство на сигурносни пломби, и ќе им овозможи на нашите клиенти кои се свесни за сигурноста да имаат ефикасно средство за надградба на безбедноста на синџирот за снабдување.

Пломбата со кабел е обложена со ABS материјал кој е отпорен на удари, и е излиен преку телото за заклучување од цинк кое обезбедува јасни знаци на злоупотреба, и овозможува јасно ласерско означување на постојниот број на пломбата, бар-кодот и името или логото на клиентот.

Едниот крај на кабелот е постојано заштитен во телото за заклучување, и е заштитен од злоупотреба со испакната жичана водилка. Нелинеарната дупка за вметнување се карактеризира со посебен дизајн на механизмот за заклучување кој нуди неспоредлива заштита од обивање.

Телото за заклучување на MCL 500 Z има голем простор за ласерско обележување, кое обезбедува најголема отпорност при обид за злоупотреба и најголема евиденција на докази за злоупотреба, бидејќи не може да се замени а да не покаже јасни знаци на злоупотреба.

Високосигурносна пломба согласно ISP / PAS 17712 стандардите.

Пломби со физичка бариера, со силни докази за злоупотреба.

Пломбата со кабел MCLZ 5mm покажува јасни знаци на злоупотреба. Кабелот може да се отстрани само со користење на специјален секач за кабли.

Во „Мега Фортрис“ сме горди и задоволни што можеме да им помогнеме на организациите во врска со нивните безбедносни барања. Го покануваме секој бизнис, кој има слични проблеми, да контактира со нашиот стручен тим за да изнајдеме совршено решение денес. Тоа не мора да биде пломбата со кабел или пломбата со завртка, но ние ќе се вложиме 110% во изнаоѓањето на вистинско решение за вас.