Спречување на прекуграничните кражби на товар на стоки ширум европските патишта.

Возачите и организациите што работат по европски патишта се жртви на организирани криминални напади и безбедносни инциденти. Кражбите на товар, штетата на товарот, изгубените пратки и упадите на мигрантите, се само некои од ризиците со кои се соочуваат возачите на камиони секој ден. Самата кражба на товар претставува годишна загуба од повеќе милијарди евра за транспортниот сектор. Возачите во сите случаи биле сериозно погодени, и физички и психички.

Една сериозна нова закана со која се соочуваат возачите се мигрантите кои насилно се качуваат во товарните возила со цел нелегално да се префрлат преку границите. Освен тоа, царинските органи им пишуваат големи парични казни на возачите за секој мигрант поединечно кој ќе биде пронајден во приколките или контејнерите. Ова, исто така, им создава финансиска загуба на организациите заради оштетената стока, особено кога се превезуваат чувствителни товари, како што се храна и фармацевтски производи.

Асоцијацијата за заштита на транспортирани добра (Transported Asset Protection Association – TAPA) е единствен форум кој ги обединува глобалните производители, даватели на логистика, товарните превозници, органите за спроведување на законот и други засегнати страни, со заедничка цел намалување на загубите во меѓународните синџири за снабдување.

TAPA и Асоцијацијата за прекугранично истражување (Cross-Border Research Association – CBRA) се свесни за овие проблеми. И работат заедно за да се развие безбедносна алатка за борба против криминалот и тероризмот на европските патишта.

Додека TAPA и CBRA го развиваат комплетот на алатки, „Мега Фортрис“ би сакал да помогне во решавањето на заедничките проблеми во врска со кражбите на товар и мигрантите по европски патишта. Со над 20 годишното искуство во обезбедувањето на товарот, спречивме многу обиди за кражба на товар за многу организации ширум светот.

Логистичките служби постојано се соочуваат со предизвик за намалување на оперативните трошоци, и затоа буџетите за сигурноста им се на прво место каде што мислат дека ќе заштедат. Ова води до набавување на поевтини, со понизок квалитет сигурносни пломби. Додека организациите трчаат да ги намалат оперативните трошоци за да го зголемат профитот, ги превидуваат ризиците на кои ги изложуваат своите возачи и товари.

Финансиската разлика помеѓу квалитетна сигурносна пломба и пломбата со низок квалитет може да биде неколку долари, фунти или евра. Цената на приколката со скапа стока може да биде сто илјади долари, фунти или евра – или уште повеќе!

На „Мега Фортрис“ им се обратија многу логистички компании заради стручен совет, за тоа како да го подобрат нивниот сигурносен процес за обезбедување на товарт. Истражувањата на пазарот покажаа дека 80% од сите случаи може да се спречат со употребата на поквалитетни сигурносни пломби.

„Мега Фортрис“ секогаш работи на производство на посилни и висококвалитетни сигурносни пломби по пристапни цени. Некои од нашите неодамнешни случувања ја вклучуваат пломбата со завртка 2K Кликер Болт, која не може да се фалсификува заради двобојната ABS пластика отпорна на силни удари. Истата технологија на користење на 2 бои ја применивме на нашата лепеза на мини кабел со заклучување премиум за да ја создадеме пломбата 2K MCLP. Или, на пример, ја имаме нашата нова пломба со кабел Z Rang, која обезбедува одлична заштита од напаѓачите. Има механизам за заклучување кој е заштитен од обивање.

За да помогнеме околу проблемите на патиштата, ја предлагаме следната сигурносна пломба, која што најмногу одговара за сигурноста на вашиот товар.

MCLZ 500 кабел печат

Воведувањето на новиот MCLZ широк спектар на сигурноснипломби со кабел од „Мега Фортрис“ е голем исчекор кон подобрување на сигурноста на глобалниот синџир за набавки. Безбедносната вредност на овој уникатен производ е неспоредлива во индустријата за сигурносни пломби, и ќе им овозможи на нашите клиенти, кои се свесни за безбедноста, да имаат ефикасно средство за надградба на сигурноста на синџирот за снабдување. Ниту една друга сигурносна пломба со кабел не нуди подеднакво високи карактеристики на подесувањата, одличната заштита од напади и механизам за заклучување кој е заштитен од обивање.

MCLZ 500 Карактеристики:

Единствена во индустријата за сигурносни пломби, оваа трета генерација на сигурносни пломби со кабел има нелинеарен дизајн на телото за заклучување што ги спречува нападите со штит. Отпорниот на удари ABS материјал е прелиен врз телото за заклучување од цинк, обезбедувајќи јасни знаци на злоупотреба и овозможувајќи јасно ласерско обележување на траен број на пломбата, бар-кодот и името или логото на клиентот.

Едниот крај на кабелот е постојано заштитен во телото за заклучување, и е заштитен од злоупотреба со помош на испакната жичана водилка. Нелинеарната дупка за вметнување има дизајн на механизмот за заклучување, кој нуди неспоредлива заштита од обивање.

Телото за заклучување на MCL 500 Z има голем простор за ласерско обележување, со што се обезбедува најголема отпорност при обид за злоупотреба и најголема индикација за злоупотреба, така што не може да се менува без да се покажат јасни знаци на злоупотреба.

Ние во „Мега Фортрис“ веруваме дека организациите можат да спречат повеќе кражби на товарот, или илегални мигранти што се качуваат во товарните возила, со употребата на посилни и поквалитетни сигурносни пломби. Зголемени трошоци за безбедносните операции