Подготвени за утре уште денес

„Мега Фортис“ соработува со организации за надминување на нивните безбедносни решенија за транспорт повеќе од 18 години и ги разбираат проблемите кои се развија со текот на годините. Како натрапниците ги развиваат своите техники за пробивање во контејнери и приколки, Мега Фортрис секогаш остана еден чекор понапред со развојот на револуционерните печати. Сега сме дојдени до тој степен, кога транспортната индустрија почнува да се соочува со нови проблеми поставени од натрапници со нови начини за обивање на контејнери и приколки. Исто така, постојат нови прашања кои произлегуваат од сè поголемата злоупотреба на контејнерите и приколките од страна на незадоволните вработени во самата организација, што во минатото не беше проблем.

Во „Мега Фортрис“ имаме голем број вработени со долгогодишно искуство во индустријата за обезбедување на транспортот, и развој на пломби со висока сигурност, како и вработени од новата техничка генерација. Како што споменавме погоре, ние секогаш сме еден чекор пред натрапниците, и за да се бориме против овој проблем, направивме нешто што никогаш порано не било направено. Ние ги презедовме старите школски техники и ги инкорпориравме во решенијата базираниврз новите технологии, што го прави ова решение најдобро. Во овој момент сигурно се прашувате кое е ова револуционерно решение, и како тоа функционира; добро прочитајте и дознајте како можете да бидете “ПОДГОТВЕНИ ЗА УТРЕ УШТЕ ДЕНЕС”.

Како што сите знаеме, пломбите со завртка циркулираат долги години на ред, и многу организации се обидуваат да обезбедат максимална сигурност на контејнерите. Меѓутоа, во “Мега Фортрис” направивме нешто поинаку со последниот и универзален модел 2К КЛИКЕР пломба со завртка. Кога ја развивме пломбата 2K Кликер, една од работите што сакавме да ги постигнеме беше да се осигураме дека печатот има цврстина да ги издржи нападите од страна на натрапниците, а при тоа да ги евидентира знаците на злоупотреба, за да можат организациите со сигурност да знаат дали пломбата била менувана. За да се осигуриме дека ги исполнивме овие цели, користевме висококвалитетен челик за производство на 2K Кликер која има најголема цврстина за да спречи лесно кршење на пломбата. За да обезбедиме пломба со евидентни докази за злоупотреба, ставивме пластична обвивка околу пломбата. Сепак ова не е само каква било пластика; пластиката употребена на овие пломби е специјално изработена за да обезбеди пломба со анти-спин технологија. Ова значи дека ако натрапникот пробал да ја злоупотреби пломбата со нејзино вртење, пластичното обложување ќе попушти (но нема да се скрши) за да покаже знаци на упад.

Друг проблем со кој се соочуваат многу организации беше обележувањето на самата пломба, зашто во случај пломбата сама да отпадне, заради механичко триење при транспортот, се појавуваше сериозен проблем да се утврди која точно пломба била првично поставена на контејнерот. Заради сузбивање на овој проблемборба, дојдовме до две многу различни, но сепак ефикасни решенија. Ние сега нудиме нано технологиј на клиентите, што им овозможува на организациите да го прочитаат серискиот број на печатот, дури и ако серискиот број е изгребан. Да објасниме што е нано технологија. Додека ја произведуваме пломбата 2K Кликер, вметнуваме мал чип во самото капаче на завртката кој го содржи серискиот број на таа пломба кој, пак, може да се прочита со посебен читач. Ова значи дека чипот не е достапен за натрапникот, а сепак организацијата може да го користи читачот и да го открие бројот на пломбата. Второто решение е посебното означување на серискиот број кој со горење се жигосува во пластиката, а ваквиот метод им отежнува на натрапниците да го изгребаат серискиот број. Покрај тоа, ние сега нудиме пломби кои се QR кодирани, за да им овозможиме на пломбите да се интегрираат со решенија кои се базираат на технологија.

2K Кликер, исто така, обезбедува и други карактеристики, како што се:

  • Завртка и куќиште од појачан челик заради дополнителна сигурност.
  • Завртката и куќиштето се прелиени со ABS материјал, високо-отпорен на удари, за да обезбедат цврсти докази за злоупотреба.
  • Овалено обликувани завртка и куќиште за да се амортизираат нападите со вртење. Механизмот за блокирање го спречува триењето, и овозможува само еднонасочно заклучување.
  • Идентичните секвенцијални броеви на двата дела обезбедуваат поголема безбедност, бидејќи спречува замена или замена на делови.
  • Завртка и куќиште гравирани во пар заради полесно ракување.
  • На куќиштето се гравира името, логото, секвенцијалното нумерирање и баркодот со користење на постојано ласерско означување. Ласерската ознака нуди највисоко ниво на безбедност бидејќи не може да се отстрани или замени.
  • Две бои за подобрена дефиниција на производот, видливост и идентификација, варијации на означување и зголемена ефикасност во работењето.

Сега, кога го опфативме старото школско решение, се движиме кон решението базирано на технологија.

„Мега Фортрис“ сфаќа дека сега организациите сакаат да видат повеќе технички достигнувања поврзани со можноста за следење на своите пломби, како и таквата можност да биде што поедноставна. За да се реши ова барање, „Мега Фортрис“ неодамна разви мобилна апликација наречена APSS – Asset Protection Security Solution, позната како Mega App.

Апликацијата за заштита на безбедноста на средствата е прва апликација за сигурносни пломби во светот за IOS и Android мобилни уреди. Апликацијата за заштита на сигурноста на средствата е економична и мошне лесна за примена со помош на софтверско решение за паметни телефони кое нуди синџир на чување на сретствата преку автоматско скенирање и снимање на баркодовите на самите сигурносни пломби.

Апликацијата работи во четири едноставни чекори:

1) Пријавете се во APSS-APP и вклучете го скенерот за баркодови со притискање на иконата „скенирај баркод“. Држете го вашиот паметен телефон / уред пред бар-кодот на сигурносната пломба и автоматскиот скенер ќе го стори останатото. Ако пломбата или предметот не може да се скенираат поради немање баркод, изведувачот едноставно може да ја фотографира пломбата и рачно да ги вчита деталите.

2) Ако сте задоволни со скенирањето на баркодот, можете или да го испратите веднаш со притискање, или да додадете коментари во полето за забелешки, на пр. подготвени за извоз и потоа притиснете. Ако не сте задоволни со скенирањето / сликата, едноставно притиснете на копчето “повторно” и почнете одново. Корисничкиот интерфејс е многу прегледен и не е оптоварен со некоја непотребна функција, пружајќи целосен доказ за персоналот на терен.

3) (а) Со кликнување на „поднесете“ (submit), APSS-APP ќе ги постави (upload) бар-код деталите, и ќе ги испрати до вашата канцеларија за поддршка; (б) на вашиот уред ќе добиете известување дека вашето преснимување е успешно. (c) Притиснете OK и ќе ги видите поставените детали.

4) Можете да ја видите вашата историја на скенирање со кликнување на копчето за скенирање. Можете да го избришете скенирањето со проверка на квадратчето во долниот десен агол на секоја од ознаките за поништување односно канти (can), а потоа одберете „избришете“ на горниот дел од екранот. Податоците за скенирање прикажани на страната „Историја“ не можат да се отстранат и да се прилагодат откако ќе бидат доставени за да обезбедат робусна чувствителност на информациите.

Крајно решение е изграденο со поврзувањето на 2K Кликер и APSS App заедно заради обезбедување на највисоко ниво на сигурност за вашата стока. Додека 2K Кликер обезбедува физичка сигурност на апликацијата, APSS апликацијата ја обезбедува организацијата на следењето и техничката безбедност за да им овозможи да се утврди местото каде што се случил обидот за злоупотреба. Ова, исто така, ќе ѝ овозможи на организацијата да види кое лице од персоналот последно ракувало со пломбата, овозможувајќи ѝ да го пронајде и натрапникот.

Во суштина, новите решенија не само што ги спречуваат натрапниците да влезат во контејнерите туку, исто така, им овозможува да дознаат каде се случила злоупотребата и да се открие виновникот.