Обезбедување на банкарскиот сектор со Мега Брик Сил (Mega Brick Seal)

Мега Брик пломбата на „Мега Фортрис груп“ веднаш ги освои банкарскиот сектор и организациите кои што се занимаваат со ракување со готовински пари поради своите уникатни карактеристики и сигурноста што ја пружа. Пломбата со кабел Мега Брик (Mega Brick Cable Seal) се интегрира со специјален софтвер, овозможувајќи целосно следење на локацијата, времето и датата кога и каде е транспортирана сигурносната пломба. Оваа уникатна карактеристика привлече многу внимание кај банкарскиот сектор и превозот на готовински пари. Пломбата со кабел Мега Брик, исто така, успешно се користи и во други сектори на стопанството каде треба да се обезбеди скапоцена стока.

Мега Брик пломбата пружа висока евиденција на докази за злоупотреба, и претставува пломба со кабел со механизам за двојно заклучување со што се обезбедува максимална сигурност. Виткото тело на механизмот за заклучување овозможува пломбата да се користи во различни индустрии и на мошне мали простори за заклучување, како што се банкомати, Black-In-Transit црни кутии, кутии за пренесување на златни шипки и многу друго.

Мега Брик пломбата е одобрена од страна на многу национални банки во Европа, и во моментов се користи од многумина за најразлични примени. Мега Брик Сил, исто така, може да се произведува со вградена ултра високофреквентна RFID технологија, што овозможува целосно следење на сигурносните апликации. Ова исто така може да се интегрира со RFID антена, за да се овозможи беспрекорно следење од локацијата на складирање до транспортното возило, сè до крајната дестинација.

Мега Брик пломбата, исто така, е BAM (Bundesanstalt für Materialforschung und -prüfung) одобрена. Сојузниот институт за истражување и тестирање на материјалите на BAM е висок научен и технички Сојузен институт, под одговорност на Сојузното министерство за економски прашања и енергија.

Пломбата Мега Брик има високи безбедносни и RFID функции кои им овозможуваат на банкарските организации и на организациите кои се занимаваат со превоз на готовински пари, да пренесуваат скапоцени стоки од едно до друго место. Мега Брик пломбата обезбедува две групи на бар кодови; еден на механизмот за заклучување внатре и, вториот, на надворешното тело на пломбата. Ова ги спречува потенцијалните натрапници да го отворат телото на пломбата и да ја блокираат истата. Покрај тоа, пломбата има и пет карактеристики на евиденцијата на злоупотреба сместени ширум телото на пломбата, за да покажат знаци на упад. Ако натрапниците се обидат да го отворат механизмот за заклучување, пластичниот слој на пломбата ќе се скрши за да покаже знаци на злоупотреба, но пломбата ќе остане заклучена. Ова им овозможува на корисниците да знаат дали пломбата била менувана, без да им биде овозможен на натрапниците пристап до стоката.

Во суштина, ова е идеална пломба за употреба при превоз на стоки со висока вредност, во што се имаат уверено многу национални банки ширум Европа, а е одобрена и од ВАМ. Исто така, технологијата RFID претставува дополнителен степен на сигурност со што се овозможува највисока форма на сигурност.

Обезбедување на оружје и муниција

Кога станува збор за безбедноста и сигурноста на оружјето и друга опрема што се користи за одржување на законот и редот во градовите во кои живееме, владата и полицијата треба да бидат тие што ќе водат со пример. Полицијата секогаш се потсетува да употреби пломби на огненото оружје, за да се спаси себеси и своите колеги од бирократската документација, едновремено пружајќи сигурност дека оружјето е подготвено за користење.

Многу е важно да се знае дали оружјето е подготвено да се користи или не, особено кога сте во ситуација каде што можеби ќе треба да го распоредите оружјето и да го користите за да се заштитите себе си, вашиот колега или цивили. Ситуацијата може да тргне од лошо кон полошо ако претходниот корисник на оружјето не го подготвил оружјето за следна употреба.

Со цел да се обезбеди дека сите оружја се проверуваат и обезбедуваат по употребата; сите оружја се обезбедени со сигурносни пломби. Ова носи многу предности:

  • Ако целото оружје е обезбедено со сигурносен печат; корисникот знае дека оружјето е проверено и се вчитува за употреба каде и кога е потребно.
  • Ги елиминира обичните човечки грешки, односно да се заборави да се провери одредено оружје кое може да се користи.
  • Исто така, му овозможува на службеникот да знае кој го користел оружјето и кое оружје има потреба од проверка, а кое оружје не било искористено.
  • Исто така, се спречува ризикувањето живот на службениците.

За ваков вид на употреба, ние треба да користиме пломби кои ќе го осигураат оружјето, но сепак лесно ќе се скршат кога оружјето ќе треба да се употреби.

За оваа намена, „Мега Фортрис“ ја предлага пломбата Мини тајт сил (Mini Tight Seal), која го обезбедува оружјето кога е на место и не се употребува, но лесно може да се скрши кога службеникот ќе побара оружје.

Пломбата Мини тајт има разновидна примена, и е погодна за многу брзо заклучување, што ја прави ефикасна сигурносна пломба за превозниците и трговците на мало. Стандардните ознаки на Мини тајт пломбата вклучуваат сериски број, корисничко име / лого; варијација на бар-кодови кои, исто така, може да се гравираат со технологија на ласерско обележување. Мини тајт пломбата е толку разновиден пломба, што може да се користи за различни примени и за различни цели.

Тенкиот и флексибилен ремен на пломбата е совршен за лесни сигурносни примени, како што е означувањето на облека, растенија, апарати за гаснење на пожар и замена на кабли.

Карактеристики на Мини тајт пломбата (Mini Tight Seal)

  • Мини тајт пломбата се гравира со трајно ласерско означување на името, логото, секвенцијалните броеви и баркодот. Ласерската ознака нуди највисоко ниво на сигурност, бидејќи не може да се отстрани и замени.
  • Печатот може да се отстрани без алатка. Се откачува со обично вртење со рака.
  • Тенкиот ремен ја прави оваа пломба лесна за ракување и за примена кај речиси сите мали апликации.
  • Зголемениот прстен / затворач на крајот од ременот го спречува обратното заклучување.

Во суштина, Мини тајт сил е идеална сигурносна пломба за обезбедување на оружјето во полициските возила, како и за пружање на сигурност и безбедност на полициските службеници и граѓаните, а овозможуваат и ефикасно одржување.