Мини брза пломба (Mini Fast Seal)

„Мега Фортрис“, како водечки производител и специјализиран дизајнер на сигурносни пломби, производи кои што евидентираат и пружаат јасни докази за злоупотреба, и интегрирани безбедносни решенија, го претставува еден од своите неодамнешни пронајдоци: Мини фаст сил (Mini Fast Seal). Последното издание на семејството пластични пломби, Мини фаст сил е дизајниран да се користи за разни примени, како што се банкомати, кутии за пари и угостителски колички. Новиот дизајн овозможува пломбата да се става на помала апликација, овозможувајќи им на корисниците да ја стават пломбата на апликации со ограничен простор.

Повеќенаменското затегнување со метално заклучување на Мини брзата пломба претставува тенка, повеќенаменска индикативна пломба, која е погодна за различни цели на обезбедување и означување ширум различните индустриски гранки.

Мини фаст сил може да се користи за да се обезбедат касети за банкомати – Мини брзата пломба е идеална пломба за касетните кутии, бидејќи му овозможува на корисникот да ја стави пломбата на кутиите со леснотија поради тенкиот опаш. Освен тоа, ознаката на пломбата е тенка за да се овозможи доволно простор за сериските броеви и името на компанијата. Тенката опашка овозможува полесна примена, а специјалните методи на изработка, како и висококвалитетните материјали што се користат при тоа, обезбедуваат цврста пломба.

Кетеринг количката е уште една идеална примена наМини фаст сил, затоа што тенката опашка може да помине низ малата пломба, со што се осигурува безбедноста на содржината, и му овозможува на корисникот да знае дали содржина е изменета. Слично на АТМ машините, угостителските колички имаат ограничен простор, па Мини брзата пломба ќе обезбеди решение за овој проблем благодарение на нејзините посебни карактеристики.

Минибрзата пломба е, исто така, совршена пломба која треба да се стави на кутиите за пари, бидејќи обезбедува сила и издржливост што му овозможува на корисникот да знае дали кутијата е злоупотребена, без да дозволи лесен пристап до самата кутија.

Карактеристики:

  • Мини брзите пломби се гравирани со трајно ласерско обележување на имиња што, пак, пружа највисоко ниво на безбедност, бидејќи не може да се отстрани или замени.
  • Технологијата на топлинско заварување се користи заради трајно фиксирање на капачето врз мини-брзата пломба. Со добиените врски, делови што се загреваат не можат да се отсечат или да се отворат, без да остават јасни докази за злоупотреба.
  • Лебдечкиот метален клип е сигурносно заштитен со капаче, обезбедувајќи голема запечатувачка сила и сигурност.
  • Издржливата сигурносна лента од најлон или ПП му дава на корисникот избор на цврстината, во согласност од потребите на различните видови на примена.
  • Кодирањето со боја е овозможено со тоа што имаме разновидност на нашата стандардна пломба во боја со капаче во основната бела боја.

„Мега Фортрис“ иновации

Нашата посветеност кон иновации обезбеди многу решенија за повеќето индустриски проблеми поврзани со транспортот. Некои од овие решенија беа обезбедени од некои од нашите подоцна развиени производи, како што се: 2K Кликер (2K Klicker), Мега кејбл лок (Mega Cable Lock) и Фаст сил (Fast Seal). Ние се стремиме да докажеме дека сме способни да ги задоволиме потребите на сите различни видови на индустрии, поради што имаме низа висококвалитетни пломби, RFID пломби, електронски пломби (IntelleSeal) и, нашето најново издание кое од самиот почеток обезбедува целосно решение за нашите клиенти – Mega APP. „Мега Фортрис“ е секогаш во согласност со ISO 17712 и C-TPAT, и обезбедува RFID уред.