„Мега Фортрис“ станува соодветна за „Халал“ храната

Во последниве години видовме драматичен пораст во употребата на храна Халал низ светот. Ова ги вклучува и големите земји низ Западна Европа, вклучувајќи го и Обединетото Кралство, Норвешка, Данска, Германија, Франција и многу други региони. Употребата на халалска храна во комерцијалните индустрии отсекогаш претставуваше предизвик за бизнисите на западните земји.

Сепак, организациите ја увидоа зголемената побарувачка за снабдување со Халал храна, и прават напори да го обезбедат ова барање. Добивањето на одобрениот добавувач на храна од Халал не е толку лесно како што изгледа. Многу потрошувачи открија дека не сите добавувачи ги следат правилните процедури при подготовката на храната, како што не се користи одобрената опрема потребна за процесирање на Халал храната. Оние што ја обработуваат халалската храна се фокусираат само на преработката на самата храна, која не се смета за одобрена храна од Халал.

Халал регулативата за храна јасно вели дека организацијата мора да ги следи правилните процедури за преработка на храната, а исто така да ја користи одобрената опрема за процесирање на халалската храна. Имајќи го ова на ум, компаниите нашле недостаток на одобрена опрема за преработка на халалска храна, како што се пакувањето и алатките за пломбирање. Овие се главните две опреми кои доаѓаат директно во контакт со храната. Затоа е многу важно овие два производа да ги исполнуваат Халал регулативите.

Со цел да се обезбеди развој на халалскиот пазар, „Мега Фортрис“ има развиено цврста пломба за употреба во прехранбената индустрија. Брзото пломбирање е достапно во различни верзии и може да се направи во различни должини и бои. Суровините од нашиот снабдувач веќе беа одобрени од страна на властите за храна, вклучително и Управата за храна и лекови (FDA). И неодамна беа прифатени во халалската индустрија за храна како одобрен производител на пластиката. Ова значи дека Фаст сил (Fast Seal) и другите пластични сигурносни пломби од нашиот асортиман на производи може да се користат за обезбедување на Халал храна.

Понатаму, добавувачот на пластиката што ја користиме за производство на нашите пломби, неодамна во една статија изјави дека неговите производи се одобрени од страна на Ирачката амбасада во Данска заради Брзата пломба (Fast Seal) – пломба избрана како најдобра – која ќе се користи за сите форми на преработка, пакување и транспорт на на Халал храната. Уникатните карактеристики на Брзата пломба ја прават врвна пломба за означување на месото кога тоа поминува низ процедурите на Халал месото. Сигурносната пломба овозможува сериското нумерирање и бар-кодирањето да бидат ласерски обележани на површината на пломбата, за да се осигура дека секоја серија на пломби е уникатна. Ова обезбедува ефикасно следење на месото и, во исто време, покажува и најмал знак при обид за нејзина злоупотреба.

Брзата пломба е исклучително разновидна, бидејќи може да се користи при различни намени и употреби поради нејзината цврстина и трајност, што му овозможува на корисникот да знае дали апликацијата е злоупотребена, без да се овозможи лесен пристап до самата апликација.

Карактеристики:

  • Брзите пломби се гравирани со трајно ласерско обележување на имињата, кое што нуди највисоко ниво на безбедност, бидејќи не може да се отстрани или замени.
  • Технологијата за топлинско заварување се користи заради трајно фиксирање на капачето врз Брзата пломба. Со добиените врски, деловите што се залепени со загревање не можат да се отсечат или да се отворат, без да остават јасни докази за злоупотреба.
  • Лебдечкиот метален прстен е сигурно заштитен со капаче, обезбедувајќи голема пломбирачка сила и сигурност.
  • Различната должина и дебелина на Брзата пломба (Fast seal), му даваат на корисникот избор да подесување при различните примени.
  • Кодирањето во боја е овозможено со тоа што имаме разновидност на нашата стандардна пломба со капаче во основната бела боја.

Иако „Мега Фортрис“ веќе користи материјали за производство на своите пломби за кои снабдувачите тврдат дека се одобрени од страна на Ирачката амбасада во Данска, сé уште работиме на тоа да станеме идеални за Халал храната. Иако веќе сме одобрени од ФДА, веруваме дека можеме да сториме повеќе за да обезбедиме пломби за сите видови индустрии. Нашата посветеност да обезбедиме пломби за сите прехранбени сектори ја развиваме секојдневно, а нашиот менаџмент го презема водството во овој процес.