„Мега Фортрис“ сега е во согласност со Регулативите на REACH.

Нашиот следен чекор да стане еко-пријателска организација.

Кога „Мега Фортрис“ го објави нашиот последен блог “Мега Фортрис оди кон зелено”, добивме одлични повратни информации од нашите читатели и клиенти. Многумина беа среќни поради фактот дека нашите упатствата за заклучување на пломбите веќе нема да ги печатиме на хартија со цел да се намали употребата на хартија. Наместо тоа, клиентите беа во можност да ги видат упатствата за пломбирање на интернет како полесна и поеколошка варијанта.

Сега го правиме следниот чекор за да го направиме светот и нашата околина подобро место за генерациите што доаѓаат.

„Мега Фортрис“ сака со гордост да објави дека сме во согласност со регулативите на REACH.

REACH е регулатива на Европската унија, усвоена со цел да се подобри заштитата на човековото здравје и животната средина во однос на ризиците што може да ги предизвикаат хемикалиите, а истовремено да се зајакне конкурентноста на хемиската индустрија во ЕУ. Исто така, промовира алтернативни методи за проценка на опасностите на супстанците со цел да се намали бројот на тестирања врз животни.

Во принцип, REACH се применува за сите хемиски супстанци; не само оние кои се користат во индустриските процеси туку и во секојдневниот живот, како на пример производи за чистење, бои, но и производи како облека, мебел и електрични апарати. Затоа, регулативата влијае на повеќето компании во ЕУ.

Па што точно значи ова? Ова значи дека основниот материјал и смолата што се користат во производите произведени од страна на „Мега Фортрис Малезија Сдн Бхд“ (Mega Fortris Malaysia Sdn Bhd) се ослободени од опасни хемикалии и супстанци во согласност со регулативите на REACH.

Ова не само што ќе ни помогне да станеме поеколошки, туку ова ќе има директно влијание врз сите наши клиенти, бидејќи тоа ќе им овозможи и тие да станат поеколошки, зашто тие користат производи од организација која е во согласност со REACH.

Ние би сакале да ја искористиме оваа можност да кажеме “Ви благодариме” на сите наши клиенти за поддршката што ни ја пружаат преку нашето патување да станеме наполно еколошка организација.