Мега Фортрис воведува ознаки за безбедност во авионски кабини

„Мега Фортрис“ би сакала да ја претстави својата најнова сигурносна етикета која е специјално дизајнирана за употреба во авионска кабина – Кабински сигурносни етикети. Етикетата за сигурност го прави токму она што го кажува името; таа се користи во авионската индустрија за да се обезбедат кесичките во авионската кабина, и да се прикажат јасни знаци ако се случи злоупотреба.

Сигурноснита етикета за авио-кабини е сигурносна етикета која евидентира докази за злоупотреба, и се распрснува на сигурносни парчиња кога се отстранува. Има метализирана страна од надвор и силиконска облога назад, обработени рабови со корона третирање и одозгора обложени за термичко печатење, црна површина за печатење и броеви.

Сигурносните етикети за авионски кабини се дизајнирани за употреба врз сите видови површини, што ги прави повеќенаменски, затоа што може да се користат за различни примени во авионската индустрија.

Етикетите се специјално дизајнирани за да не остават никакви остатоци на апликацијата што ги прави совршени пломби за употреба во авионските кабини и аеродромите. Со цел да се замени останувањето на остатоци кои што се карактеристика на повеќето сигурносни пломби, процесот на производство беше променет за да се направи етикета која ќе се подели во случај на насилно отворање со нејзино лупење.

Така, оставајќи ги назад деловите од етикетата залепени на самата апликација, ова ќе остави зад себе знаци на упад. Исто така, поради оваа карактеристика, доколку етикетата биде отворена, натрапникот нема да може повторно да ја залепи етикетата на истото место.

Сигурносната етикета за авионски кабини е совршена пломба што се користи во авионската индустрија, поради нејзините уникатни карактеристики за евиденција на злоупотреба без оставање остатоци, и за технологијата на сечење етикети.

„Мега Фортрис“ веќе многу години работи со авионската индустрија и е примарен снабдувач на сигурносни пломби и безбедносни етикети. Тие веќе поседуваат широк спектар на високо сигурносни пломби и сигурносни решенија за евиденција на злоупотреба.

„Мега Фортрис“ е водечки производител и специјалист дизајнер на сигурносни пломби, евидентни производи и интегрирани безбедносни решенија. Ние дизајнираме, иновираме, произведуваме и снабдуваме висококвалитетни заштитни пломби и решенија за клиенти на меѓународно ниво – вклучувајќи индустриски лидери во транспортот, воздухопловство, лекови, накит, нафта и гас, банкарски и готовински транзит, поштенски услуги, одбрана , комунални услуги, казина и забава, и многу повеќе.