Мега катинар (Mega Padlock)

Мега Фортрис соработува со многу индустрии за да се осигури дека ги исполнуваат потребите на клиентите, и дека може да се решат проблемите со кои клиентот може да се соочи при обезбедувањето на својата стока, или со безбедносни прашања во врска со транспортот. Една од индустриите кои се соочуваат со прашањето во врска со пломбите кои имаат високо ниво на евидентирање на злоупотреба, е авионската индустрија, каде се соочија со проблеми за изнаоѓање на вистинска пломба за нивните угостителски (кетеринг) колички со ограничен простор, но сепак мораше да се осигураат дека пломбата ќе покаже знаци на злоупотреба, и ќе овозможи лесно откинување кога на стјуардесите ќе им треба брз пристап до количките. Меѓутоа, кога ја развиваше новата пломба, „Мега Фортрис“ сакаше овој производ да обезбеди решенија за многу други индустрии, како што се електро-стопанството, казината и авио-индустријата.

По неколку години дизајнирање и тестирање,„Мега Фортрис“ ја разви новата повеќенаменска и револуционерна Мега пед лок (Mega Pad Lock). Мега катинарот е тенок, рамен и лесен за користење, кој овозможува лесна апликација и лесно се отстранува.

Мега катинарот е специјално дизајниран за да обезбеди употреба на пломба која може да се примени во ограничен простор, како што се угостителските колички во авион, или кутиите со касети од банкомати. Исто така, ви овозможува да ја наместите пломбата при грубо ракување, или складирање предмети еден врз друг.

Мега катинарот има голем простор за прилагодено ласерско гравирање. Ова ѝ овозможува на фирмата да ги обележи сериските броеви на катинарите, овозможувајќи поединечно следење на секоја апликација. Овој простор, исто така, може да се користи за означување на логото на компанијата, заедно со вашиот сериски број.

Мега катинарот располага со бројни карактеристики:

  • Пломбата со мега катинар е изгравирана со трајно ласерско обележување на кориснички имиња, лого, баркодови и секвенцијални броеви за сигурност и лесна идентификација.
  • Ласерската ознака нуди највисоко ниво на безбедност, бидејќи не може да се отстрани или да се замени без да покаже јасни знаци на злоупотреба.
  • Со тенкото тело, мега катинарот одговара на многу апликации и лежи рамно заради ефикасно складирање. Сепак, тој останува силен поради ацеталниот заклучувачки вметнувач.
  • Лесно е да се примени и отстрани; исто така, специјално е дизајниран, така што корисникот може да ја затвори бравата со едната рака, и да ја отстрани без употреба на алатки.
  • Заради дополнителна заштита, ласерските ознаки се достапни на двете страни на бравата.