Зошто да плаќате отповеќе за премиум пломба?

Денес, пазарот за сигурносни пломби е толку заситен што многу организации се наоѓаат во отворена војна, а многу потрошувачи прибегнаа кон купување ефтини и со слаб квалитет пломби од Кина.

Ние во „Мега Фортрис“ сме многу горди на квалитетот на пломбите што ги произведуваме, и веруваме дека сме тука за да ги задоволиме организациите кои би сакале да ја обезбедат својата стока по разумна цена, а да добијат високо квалитетни пломби. Ние веруваме дека многу организации се фатија во стапицата на денешното време на правење сè поевтино и по секоја цена, што всушност губиме пари во процесот.

Студија на случај:

„Мега Фортрис“ неодамна контактираше со фирма која ги превезува своите стоки ширум светот. Тие користеле пломби од кинеска фирма по многу евтина цена. Тие беа прилично изненадени од фактот дека иако користеле пломби за да ги обезбедат контејнерите, сепак имале голем процент на кражби.

Во врска со ова, им го привлековме вниманието кога им кажавме дека со самото поставување на пломбата не се спречува и кражбата; тоа зависи од квалитетот на пломбата. Ние ѝ го претставивме на фирмата нашиот водечки производ – пломбата 2K Кликер со завртка (2К Klicker Bolt), и тие беа презадоволни од квалитетот на самата пломба, како и со сигурноста што таа ја пружа.

Иако 2K Кликер беше малку поскап производ, организациите штедеа пари не само на стоката која не беше украдена, туку и на трошоците во врска со кражбата. Организацијата потврди дека по употребата на Мега Фортрис Кликер 2К (Mega Fortris Klicker 2K), тие заштедиле пари на стоката, на трошоците за истрага на кражбата, а се намалила и цената на премијата за осигурување за следната година.

Уште повеќе, по употребата на пломбата Кликер 2K, организацијата исто така изјави дека ги намалила трошоците за превенција на загубите.

Царинската група 1 на Велика Британија ја прифати пломбата 2K Кликер

2K Кликер е првата пломба во светот со завртка за контејнери која има уникатни две бои во својот дизајн. 2K Кликер е високо сигурносна пломба со завртка, сертифицирана според ISO 17712 клаузула 5 и 6.

Карактеристики: Кликер 2К претставува цврста механичка пломба со евиденција за злоупотреба. Се состои од завртка од кален челик и куќиште излиено од еластичен и високо-отпорен на удари ABS материјал. Со огромна затегнувачка цврстина и механизми за заклучување со блокирање, Кликер 2K претставува појачана пломба со завртка за контејнери, со широка употреба во превозот, обезбедувањето на интермодалните контејнери и копнениот транспорт.

  • Појачана челична завртка и куќиште за дополнителна сигурност. Завртката и куќиштето се излиени од високо-отпорен на удари ABS материјал, со што се обезбедуваат силни докази за злоупотреба.
  • 2K Кликер не може да се фалсификува поради својата уникатна ABS пластика во две бои.
  • Овално обликувани завртка и куќиште за да се амортизираат обидите за злоупотреба со примена на насилно вртење.
  • Механизмот за блокирање го спречува триењето и овозможува само еднонасочно заклучување.
  • Идентичните секвенцијални броеви на двата дела обезбедуваат поголема сигурност бидејќи спречуваат замена или замена на делови.
  • Ласерската ознака нуди највисоко ниво на безбедност бидејќи не може да се отстрани или замени.
  • Две бои за подобрена дефиниција на производот, видливост и идентификација, варијации на означување и зголемена ефикасност на работењето.

Значи, во суштина, иако многу фирми веруваат дека заштедуваат пари кога купуваат ефтини пломби, тие може да си создадат повеќе трошоци кога ќе дојде до кражба. Купувајте квалитетни пломби за да заштедите пари.