Железнички транспорт

Без разлика дали некоја организација ќе се одлучи да го користи железничкиот превоз како главно средство за испорака на стоки, или главната намена ќе биде авионската индустрија, челичарниците, фармацевтската индустрија, па дури и за малопродажба – едно нешто што сите го имаат како заеднички именител се проблемите со кои се соочуваат за време на транзитот на нивните добра од едно место до друго. Многумина веруваат дека е потешко да се украдат стоките од товарен воз отколку да бидат украдени од задниот дел на една приколка. Сепак, ова не е случај со многуте инциденти, затоа што сè повеќе расте бројот на стоки украдени од товарни возови во движење. Јасно ни е дека ова звучи како нешто видено на филм, можеби во стилот на брзи и бесни кражби. Можеби не со толку многу акција, но поентата е дека стоката е украдена, а компаниите губат стоки во вредност од илјадници фунти.

Покрај тоа, сега доаѓа периодот околу Божик, па многу компании се подготвуваат да ги добијат своите производи на полиците што е можно поскоро, или можеби да го наполнат својот магацин однапред, за да се обезбедат дека имаат доволно резерви. Во секој случај, тие ќе мора да користат некаков вид на транспорт, може да биде железнички, морски или копнен.

Во нашите претходни блогови, на нашите клиенти им обезбедивме информации за транспортот преку копно и море. Овој пат би сакале да ги информираме нашите клиенти за безбедноста на железничкиот сообраќај.

Како што некои од вас можеби знаат, „Мега Фортрис“ со години на ред го обезбедуваат товарот, обезбедувајќи најдобри транспортни решенија од лепезата на нашите сигурносни пломби, па сè до сигурносно товарење за што ја користиме помошта од нашата сестринска фирма „Фортрис Лоад Секјуар“ (Fortris Load Secure) која е, исто така, дел од „Мега Фортрис Груп“ (Mega Fortris Group). Оваа недела ќе наброиме повеќе пломби за кои веруваме дека ќе им обезбедат на нашите клиенти највисоко ниво на безбедност, со што нивниот товар ќе биде безбедно транспортиран со железнички превоз.

За да ја обезбедат својата стока, на фирмите кои користат железнички превоз, им ги нудиме следниве сигурносни пломби:

2K Кликер (2К Klicker) – високо-сигурносни пломби со завртка за обезбедување на товарни контејнери, камиони и приколки. Сигурносната ломба 2K Кликер со завртка обезбедува цврсто и сигурно пломбирање при транспорт, а лесна за ракување од страна на персоналот во пристаништата и магацините. Типични примени на пломбата 2K Кликер со завртка вклучуваат бродски и интермодални контејнери. Пломбата 2K Кликер, исто така, се користи на широко кај копнениот транспорт.

Кејбл лок (Cable Lock) 500 – Пломбата со кабел MCL 500 е многу лесна за користење и со висока евиденција на злоупотреба. Достапна е со различни должини на кабелот за да се обезбедат различни примени со различни сигурносни барања. MCL 500 е во согласност со меѓународниот стандард ISO 17712: 2013 и, исто така, е тестиран согласно C-TPAT регулативите, кои ја класифицираат оваа пломба со кабел на заклучување како висококвалитетна пломба.

Носечка пломба со кабел 350 (Carrier Cable Seal) – CCS 350 е цврста и издржлива висококвалитетна пломба со силни докази за злоупотреба, која што е дизајнирана за високи сигурносни барања. Нејзиниот едноставен, но издржлив дизајн ја прави многу лесна и погодна за употреба во разни примени.

Мега болт лок (Mega Bolt Lock) – Мега заклучувањето со завртка е специјално дизајнирана пломба со завртка за контејнери, направена од појачан челик. Специјално дизајнираниот голем агол и специјалниот дизајн на главата на завртката, на дополнителните безбедносни карактеристики за високо-безбедносни транспортни апликации.

Пломба со прачка – МФ Бар е направна од исклучително цврста челична конструкција. Актуелниот механизам за заклучување е вграден во жлебот на металната кутија, со што пломбата станува посилна и потешка за злоупотреба. Типичните примени на пломбата МФ Бар вклучуваат шпедитерски и интермодални контејнери.