Домино ремен (Domino Strip)

Повеќето компании во денешно време се соочуваат со предизвик за борба против нелегалните имигранти кои ги обиваат нивните приколки. Компаниите кои превезуваат добра во и надвор од земјата треба да ги обезбедат своите приколки, за да избегнат злоупотреба од страна на илегалните имигранти. Најчесто, приколките се обиваат затоа што бравите што биле поставени на приколките биле или слаби, или не покажале докази за злоупотреба, со што компаниите не се во можност благовремено да констатираат дека нивните брави на приколките се обиени.

Имајќи го предвид оваој проблем, „Мега Фортрис“ ја разви пломбата Метал Домино. Металната лента Домино може по малку да се движи и кога е запечатена, овозможувајќи им на инспекторите лесно да го откријат лепењето. Прозорчето за инспекција е опционална карактеристика, која овозможува брза и лесна визуелна проверка на механизмот за заклучување кој пружа докази при злоупотреба, единствена карактеристика развиена од „Мега Фортрис“.

Типични апликации на Домино пломбата вклучуваат употреба кај: камиони и танкери, царинска контрола, авиопревозници, празни контејнери за превоз, железнички вагони и магацини.

Карактеристиките вклучуваат:

  • Кодирањето на бои е овозможено преку различно обоени капачиња и основи на пломбите.
  • Домино пломбите се гравирани со трајно ласерско обележување на имиња, лого, секвенцијални броеви и баркодови. Ласерската ознака нуди највисоко ниво на безбедност, бидејќи не може да се отстрани или замени.
  • Со ознаки што се гравирани на пластичната површина која не кородира, означувањето останува чисто и читливо долго по нејзината првична примена.
  • Технологијата на ултразвучно заварување е развиена заради трајно поврзување на капчиња со пломбите, и не може да се отсече или насилно да се отвори, без да остави јасен доказ за злоупотреба.
  • Дупките за усогласување овозможуваат лесна проверка на запечатувањето.
  • Силниот и издржлив метален ремен може да ги издржи тешките ракувања и различните климатски услови што се искусуваат при испорака кај долги релации.