Детекција на упад од „Мега Фортрис“ за аеродроми и авионски кабини

Безбедноста во воздухопловната индустрија е една од главните грижи на „Мега Фортрис“. Сметаме дека безбедноста на авиокомпаниите не се сфаќа доволно сериозно, и треба да се направат повеќе напори за да се справиме со оваа сериозна индустрија. За да помогне во актуелните проблеми околу тероризмот, контаминацијата, кражбата и штетите, „Мега Фортрис“ разви голем спектар на производи за безбедност во воздухопловството.

„Мега Фортрис“ е горда што презема одговорност за обезбедување на авиокомпаниите и аеродромите. Без разлика дали станува збор за безбедносни кеси за стоки без царина, како на пример за обезбедување течен, хемиски потрошен материјал, или примена на безбедносни етикети со евиденција за злоупотреба за вратите во ограничените области на аеродромите, како што се местата за товарење на багаж и товарење на стоки. Безбедносните етикети можат да се користат дури и на внатрешните и надворешните компоненти на авионот. Ние гарантираме дека нашите производи се произведени со таков висок стандард што секој упад или неовластен пристап ќе биде откриен од страна на „Мега Фортрис“ сигурносните производи.

„Мега Фортрис“ е признат и одобрен производител и снабдувач на сигурносни кеси за стоки без царина. Нашите торби за стоки без царина со евиденција за злоупотреба се во согласност со регулативите на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) за подобрување на сигурноста на аеродромскиот и бесцаринскиот синџир на снабдување.

Форт Хасп авионските катанци и нашите мини кабелски пломби за угостителски колички и колички за бесцаринска стока се дизајнирани да имаат целосна евиденција за злоупотреба согласно со сертификацијата ISO 17712, клаузула 6. Тоа значи дека секоја манипулација и упад што ќе биде сторен е јасно видлив поради имплементираната технологија. Поевтините алтернативи кои се користат на пазарот воопшто не покажуваат никакви докази за злоупотреба, и доколку еднаш бидат отворени може повторно да се затворат без никакви индикации за упад.

Сигурносните етикети на „Мега Фортрис“ се направени од нерециклиран материјал, и се користат за запечатување на авионски врати, противпожарни врати и други видови врати кои бараат ограничен пристап. Нашите безбедносни етикети додаваат дополнително ниво на сигурност за вашето решение, обезбедувајќи јасна визуелна индикација за упад.

Безбедносните етикети може да се користат на: метал, пластика, картон, стакло, дрво и обоен метал. Тие се користат од страна на полицијата, затворите, воените власти, комерцијалните авиокомпании и аеродроми, и комерцијалните организации вклучени во спроведување на законот. Сигурносните етикети се гаранција дека зоните со ограничен пристап ќе останат безбедни со детекција на упад по ниска цена.

„Мега Фортрис“ разговараше со многу експерти во авиоиндустријата во врска со сигурноста, и сите се осврнуваа на едни исти прашања. Поголемиот дел од упадотите се случуваат откако авионот ќе слета на аеродромот, за време на процесот на внатрешното чистење. Можностите се зголемуваат доколку количката, која содржи бесцарински стоки со висока вредност, не е обезбедена. Други можности се укажуваат кога авионот ќе се испразни, кога кетеринг количката се пренесува од авионот до складот, веќе ​​подготвена за инспекции што треба да се вршат на количката.

Идни прашања за безбедност во авион – Евтините сигурносни пломби веќе не се решение за авионската индустрија. Особено кога е вклучена храната. Потребно е да се подигне свеста за сигурноста на пломбите, а авионските компании треба да се натераат да користат квалитетни сигурносни пломби. Некои од ризиците заради употреба на ефтини сигурносни пломби може да вклучуваат контаминација на храна и ризик за човечкиот живот.

Неодамнешните настани во медиумите околу авиокомпаниите јасно укажуваат на тоа дека авиокомпаниите треба да преземат поголема одговорност во однос на заштитата на патниците. Затоа „Мега Фортрис“ ги форсираше нашите сигурносни пломби пред царинските агенции ширум светот, за да бидат тестирани и прифатени како високо сигурносни пломби со евиденција за злоупотреба.

Оние кои се одговорни за безбедноста на луѓето, имаат доверба во „Мега Фортрис“ бидејќи имаме најголем спектар на сертифицирани безбедносни пломби со евиденција за злоупотреба, и ги опслужуваме авионската индустрија и авиокомпаниите повеќе од дваесет години.

Палета на високобезбедносни пломби со завртка (нитна) и со евиденција за злоупотреба на „Мега Фортрис“

„Мега Фортрис Велика Британија“ произведува голем број на пломби со нитна. Пломбите со нитна се издржливи уреди за заклучување кои функционираат како “катанец за еднократна употреба”. Пломбите со нитна од „Мега Фортрис Велика Британија“ се сертифицирани според ISO 17712: 2013, односно тие се класифицирани како “високо сигурносни пломби”, што претставува едно од неколкуте барања кои мора да ги задоволи пломбата со нитна за да биде во согласност со C-TPAT регулативите. Нашите пломби може да се стават на приколка или контејнери без употреба на каква било опрема, но за да се отстрани завртката (нитната) ќе ви биде потребен специјално дизајниран секач за завртки.

Ние нудиме палета високобезбедносни пломби со нитна кои што се прифатени од царинската служба на Велика Британија:

  • Пломби со нитна за контејнери
  • Пломби со нитна Кликер
  • Пломби со нитна 2К Кликер
  • Пломби Мега Болт Лок (Mega Bolt Lock)
  • Пломби со нитна I-Клик (I-Klick)

 

Високи безбедносни пломби со нитна за транспорт на стоки

Пломбите со нитна за контејнери се дизајнирани со мал но силен систем за заклучување, бидејќи главата на завртката е дизајнирана така што не може лесно да се оштети. Исто така, металниот клип (заклучувањето) е вграден во куќиштето, што ја прави завртката посилна и тешка за злоупотреба. Овие завртки може да се користат на многу видови транспортни платформи било на копно, море или во воздух.

„Кликер“ е името на најпопуларната пломба со завртка на „Мега Фортрис“. Се одликува со двојно нумерирање на клинот и цилиндарот, како и овално обликуван 360 степени антиротациски механизам. Завртката и цилиндарот се поврзани со пластичен приклучок, што придонесува корисникот мошне лесно да го вчита истиот број на цилиндарот и на завртката додека ја поставува пломбата.

Пломбите „Кликер“ со завртка (Klicker Bolt) се дизајнирани да обезбедат највисока сигурност за вашиот товар, без разлика дали станува збор за контејнери, приколки или која било друга алтернативна форма на превоз на товар. Слично на пломбите со завртки за контејнери (Container Bolts), и пломбите „Кликер“ со завртки имаат заклучувачки систем вграден во куќиштето, со што злоупотребата на пломбата е скоро невозможна. Освен тоа, пломбите „Кликер“ со завртки се обложени со APS пластика за да обезбедат дополнителна издржливост со што, исто така, се обезбедува и заштита од ‘рѓосување на пломбата. Во суштина, пломбата „Кликер“ со завртка (Klicker Bolt) обезбедува дополнителна јакост и издржливост, и може да се користи на било кој терен или временски услови заради пластичната обвивка што ја заштитува завртката.

„2К Кликер“ (2K Klicker) е нашиот најнов развој во индустријата за производство на пломби со завртки, затоа што претставува прва пломба со завртка која што се карактеризира со двобоен дизајн. Исто така, таа е опремена со механичко заптивање кое пружа цврсти докази при евентуална злоупотреба. Новиот дизајн вклучува челична завртка обложена со појачана пластична обвивка за да издржи силни удари при обид за злоупотреба. Пломбите „2К Кликер“ имаат огромна моќ на амортизирање на ударите, што оваа пломба ја прави одличен избор на пломби со завртки кои можат да се користат во копнениот и поморскиот транспорт за обезбедување на интермодалните контејнери. Пломбата „2К Кликер“, исто како и сите други пломби со завртка на „Мега Фортрис“ е сертифицирана според ISO 17712: 2013 и е во согласност со C-TPAT регулативите.

Ние исто така нудиме пломби кои обезбедуваат комбинација од две заптивки: пломбата со завртка и пломбата со кабел. Ве молиме да ја контактирате „Мега Фортрис“ денес за да дознаете повеќе.