





за железнички транспорт
сајла за обезбедување железнички вагони
Лидер на глобалниот пазар со фокус на иновативен дизајн
Добредојдовте Во Mega Fortris
Мега Фортрис Унгарија“ е основана во 2005 година во Будимпешта за опслужување на пазарот во Централна Европа. Компанијата брзо се развиваше и за кратко време стана водечки дистрибутер на сигурносни пломби во Унгарија.
Прецизната и 24 часовна услуга се доставува од страна на нашиот тим професионалци со 16 посветени членови преку нашите две добро опремени складишта со огромен капацитет. Ние, исто така, можеме да опслужуваме помали, специфични нарачки преку нашиот модерен ласерски систем.
безбедете го вашиот ланец на достава со сигурносните пломби на „Мега Фортрис
РЕШЕНИЈА СО СИГУРНОСНИ ПЛОМБИ
Ние сме главен снабдувач за широк опсег на индустрии. Од индустрии за транспорт и превоз до производни компании и владини институции. Нашите производи се разновидни и прилагодливи на кој било вид потреби. Ние ги развиваме нашите производи преку спојување на нашето знаење за сигурносни системи, со оддели за одбрана и други владини институции и агенции, за да создадеме иновативни решенија кои обезбедуваат целосно исполнување на вашите сигурносни прописи.
Мега Фортрис Унгарија, исто така, има регионален производствен капацитет во Велика Британија со цел обезбедување брза достава и непосредна близина до нашите потрошувачи.


Обезбедување на вашата вредносна стока за време на транспорт
РЕШЕНИЈА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ТОВАР
Мега Фортрис нуди поволни производи за обезбедување товар со цел спречување и избегнување незгоди и оштетување на товарот долж ланецот на логистика. Нашите производи се произведуваат во согласност со усвоените стандарди за квалитет, како што е ISO 9001, како и други системи за управување. Тие ги исполнуваат сите меѓународни стандарди и регулативи.
Посветениот тим на „Мега Фортрис“ ќе ви помогне да го добиете вистинското решение за вашиот специфичен товар со конкретна примена кај различните видови транспорт, како што се патен, поморски, железнички, воздушен или нивна комбинација.
Од нашите локални залихи, ние им нудиме на нашите потрошувачи навремени испораки ширум цела Европа.